
Во матичната куќа на авторот, д-р Мери Сројанова, Завод и Музеј, беше промовирана монографијата “Етнографија и антропологија на Македонците “Нашинци“ од македонско – албанското пограничје“, или со други зборови како беше кажано на промоцијата, една поинаква слика за нашинците во Албанија.
Оваа прва книга на Стојанова е резултат на теренските истражувања и кабинетската работата на нејзината докторска теза во која акцентот е ставен врз промената на традиционалната култура на Македонците – нашинци, во пределите Мала Преспа и Голо Брдо.
При истражувањето авторката била фрапирана од архаичниот македонски јазик на нашинците во Голо Брдо.Тој македонски јазин е зачуван во една толку изворна форма, непроменета со генерации и она што децата како сопствен идентитет, јазичен, го носат за самите себе е што се запознаваат со албанскиот јазик кога ќе почнат на училиште. Значи дотогаш, во слободната комуникација, во рамките на семејството зборуваат на чисто изворен македонски јазик, изјави Стојанова.
Промотори на книгата беа проф. д-р Љупчо Ристевски од Институтот за етнологија и антропологија и проф. д-р Мирјана Мирчевска. Ова дело и овие сознанија може да дадат една поинаква слика и перцепција за Македонците генерално и за останатите луѓе кога станува збор за македонското малцинство или за нашинците во пределот Мала Преспа и Голо Брдо каде се зачувани етнографските карактеристики.
Македонски јазин е зачуван во изворна форма, непроменета со генерации и она што децата како сопствен идентитет, јазичен, го носат за самите себе е што се запознаваат со албанскиот јазик кога ќе почнат на училиште, во рамките на семејството зборуваат на чисто изворен македонски јазик, рече Стојанова на промоцијата. Книгата е во издание на Сојузот на борци од Битола и издавачката куќа “Аз-буки“ од Скопје. Промоцијата беше дел од “Бит Фест“.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden