Пронајдено во бунар телото на убиениот саудиски новинар Кошоги

 

Телото на  новинар Џамал Кашоги е пронајдено во бунар на територијата на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, за „Спутник“ изјавил лидерот на турската партија Ватан, Догу Перинчек.

„Дознав од сигурни извори во службите за безбедност во Истанбул, дека телото на Кашоги е пронајдено во бунар кој се наоѓа во градината на територија на резиденцијата и конзулатот на Саудиска Арабија“ изјавил Перинчек. Извори за весникот „Хуриет“ ги соопштиле детаљите од истрагата. Според нив, полицијата благодарение на патиките открила дека на снимките од надзорната камера, од конзулатот излегол двојник на новинарот.

„Кога Кашоги влегол во конзулатот носел чевли, а не патики. Првата разлика која ја забележал полицискиот им, кој ги прегледувал снимките“ рекол изворот. Кашоги бил убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, за време на тепачка со луѓе кој ги сретнал таму, соопшти Саудиска Арабија на основа на прелиминарните резултати од истрагата.

Advertisement