Протести во Каталонија

Шпанската полиција се судри со приврзаниците за независност на Каталонија во Барселона, кои излегоа на протест против судењето на 12 каталонски лидери. Во судирите со полицијата настрадале повеќе од 30 луѓе, а четири лица се уапсени. Демонстрантите ги блокирале патиштата во различни делови од регионот. Ова доведе до проблеми во јавниот транспорт, како и во некои институции. Масовната акција, со мотото „Без права- без слобода”, беше организирана од федерацијата на синдикатите поддржана од сепаратистичките партии. Најголемите синдикати во Каталонија сепак не го поддржаа протестот. Процесот против водачите за независност на Каталонија започна во декември 2018 година. Деветмина од 12-те обвинети беа во притвор, но не и поранешниот премиер на Каталонија , Карлес Пукемон, кој побарал засолниште во Белгија.

Advertisement