Ракометната репрезентација на Македонија оствари победа против Србија со 37:31

Македонија со 37:31 (полувреме 19:13) ја победи Србија во првиот контролен пријателски натпревар пред Светското првенство во Германија и Данска. Македонија во најголем дел од мечот играше со тактика 7 на 6 што на крај се покажа како добитен рецепт.

Најeфикасен во нашиот тим беше Дејан Манасков со 9 голови, Кузмановски даде 6, Кире Лазаров и Пешевски постигнаа по 5 голови, додека одличен беше и Гоце Георгиевски со 4 гола од 4 шута за едно полувреме. На голот блескаше Борко Ристовски со 11 одбрани. Кај Србија најефикасни беа Вујиќ, Николиќ и Марсениќ со по 4 голови. Утре Македонија и Србија го играат вториот пријателски натпревар кој е затворен за јавноста.

Advertisement