Раковоството на Централниот совет на Македонците во Германија преку Зум-платформата се сретнаа согерманскиот пратеник Кнут Абрахам

На 24. јуни 2022 година, претседателот Роберт Кленковски и заменик претседателот Горан Николоски преку платформата Зоом се сретнаа со Кнут Абрахам, пратеник во германскиот Бундестаг и редовен член на Комисијата за надворешни работи и на Комисијата за човекови права и хуманитарна помош.

Пратеникот Абрахам ја поздравува иницијативата на Централниот совет и го поддржува овој прв контакт за размена на идеи.

Претседателот Роберт Кленкоски го запозна г-нот Абрахам со Централниот совет и со неговите цели и за положбата на македонската заедница во Германија.

Други теми на разговор биле актуелните политички настани околу и во Република Македонија, германската надворешна политика спрема неа и неприфатливиот “француски предлог” за приклучување на Македонија во Европската Унија.

Г-н Абрахам ја нуди својата поддршка и соработка со Централниот совет како глас на Македонците во Германија, со кои ги дели истите цели: влегување во ЕУ, јакнење на демократијата и економијата на регионот.

Г-дин Абрахам се кандидираше за ЦДУ на сојузните избори во 2021 година и потоа можеше да влезе во германскиот Бундестаг преку државната листа. Во Бундестагот е полноправен член на Комисијата за надворешни работи и на Комисијата за човекови права и хуманитарна помош. Тој е и заменик-член на Комисијата за прашања на Европската унија и редовен член на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Од 1987 до 1996 година бил канцелариски менаџер на д-р Ото фон Хабсбург, европратеник, во германскиот Бундестаг во Бон и Берлин и од 1994 до 1996 година, исто така, во Европскиот парламент во Брисел. Од 1990 до 1998 година бил национален претседавач на Paneuropa-Jugend Deutschland e.V. и член на президиумот на Paneuropa-Union Deutschland e.V. Од 2015-2018 бил раководител на одделот за билатерални односи со државите од Централна, Источна и Јужна -Источна Европа како и со Централна Азија и до Јужен Кавказ.

Управниот одбор на Централниот совет на Македонците во Германија му благодари на г-нот Абрахам за оваа исклучително важна средба и му посакува нему и на неговиот тим многу натамошни успеси./www.zentralratdermakedonen.de

Advertisement