Рама: Балканските земји се заложници на национализмот на ЕУ

Премиер Еди Рама изјави дека земјите од Балканот се заложници на национализмот што постои во Европската Унија. За време на вчерашната посета на Атина тој изјави дека со самото тоа што Бугарија го блокира почетокот на преговорите на Македонија, таа ги копира политиките на другите земји-членки, кои за лични интереси ги блокираат интересите на другите земји, пренесува „Егзит“. 

„Бугарија увиде дека може да користи локална политика за да ги блокира другите“, изјави албанскиот премиер. Рама вели дека е неопходно поголемо присуство на Грција во регионот, додавајќи дека земјите од регионот треба да соработуваат за да има подобар живот за идните генерации. 

Advertisement