Рама ја нарече срамна пресудата за Тачи

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по изрекувањето на пресудата во Хаг со кратка, но остро интонирана порака.

Рама на својот профил на „Фејсбук“ објави фотографија на која се гледа бодликава жица поставена преку карта на Европа, а објавата ја придружи со еден збор: „Marre“ („Срам“)​.

Фото: Facebook/Edi Rama

Албанскиот премиер и во претходни наврати го критикуваше судењето, оценувајќи го како неправедно.

Со најновата објава, Рама повторно го изрази своето несогласување со исходот од судскиот процес во Хаг.