Рама ја промовираше специјалната едница на полицјата ОФЛ 

Ден пред специјалната единица на државната полиција ОФЛ (Операција на владеење на законот) да започне со теренска работа, албанскиот премиер Еди Рама, на свечената промоција, порача дека ова е пресуден момент во историјата на соочувањето на државната полиција со криминалот. Додаде дека во екстремни времиња, потребни се екстремни мерки.

Денес е момент од големо значење во историјата на соочувањето на државната полиција со криминалот, убеден сум дека е од големо значење зашто ќе означи ново ниво на соочување со криминалот. Екстремно време бара екстремни мерки. Подготвени сме за екстремно соочување со организираниот криминал, крајно време е да дадеме соодветен одговор не само на организираниот криминал, туку и на сите оние кои ја потхрануваат недовербата во нашата способност, подготвеност и посветеност да се бориме до крај со организираниот криминал, порача Рама од свеченоста организрана по овој повод. Истакна дека „денес државната полиција како никогаш до сега е ангажирана и подготвена да зборува на јазикот на конкретни резултати, факти и бројки кои го прават невозможно, во споредба со минатото“.

Без никаква дискусија иднината и Албанија што ги сакаме е многу подобра од онаа што ја имаме денес. Ако можеме да бидеме критикувани за многу нешта, не можеме да бидеме критикувани за храброста и подготвеноста да направиме големи реформи,рече Рама. Тој ја повика новата единица на државната полиција да донесе успеси во овој поглед и додаде дека Специјалното обвнтелство (СПАК) е гаранција за оваа акција.

Денес сме тука за да ја поздравивме најновата полициска единица и да ве повикаме и да посакаме успех. Со работа почнува утре. Сега веќе имаме силен инструмент во рацете на државата, државната полиција и ОФЛ, специјалниот закон за преземање на сите потребни мерки против сите оние кои се осудени или обвинети за организиран криминал, тероризам, тешки кривични дела,веќе 30 години,нагласи Рама. Тој искажа голема верба дека земјата е на вистинското место, во вистинско време и ги има вистинските сили да ја направи историската промена во односот со криминалот во земјата.

Инаку, од утре на осудени или обвинети лица за организиран криминал, учество во криминални и терористички организации и други групи, трговија со луѓе и други тешки кривични дела, кои се предмет на законот „Анти-КЧК“, ќе им биде врачен формулар кој ќе треба да го пополнат во рок од 48 часа и да го оправдаат изворот на нивното богатство. Попополнувањето, образецот се доставува до СПАК кој има 15 дена зрок да го контролира и потоа даго достави до судот кој има рок од 15 дена да ја донесе пресудата, без разлика дали тој имот е легален или противзаконски. Доколку се докажедека богатството што го поседуваат е создадено од криминални извори, тогаш тоа оди во сопственост на државата.