Рама-Курц: Нелегалната миграција треба да се сфати сериозно

Австрискиот канцелар и албанскиот премиер, Себастијан Курц и Еди Рама, се сложија дека растечкиот број мигранти на Балканот мора да се сфати сериозно и дека е неопходно преземање мерки за да не се повтори 2015. година. Курц на заедничката прес-конференција рече дека на Балканот може да се забележи настанување на нови бегалски рути и дека криумчарите се обидуваат да ги пренесат бегалците од Грција преку Албанија кон Западна Европа.

“Тоа нема да го гледаме со скрстени раце, неопходно е да се бориме против тоа”, истакна Курц. Рече дека е задоволен од тоа што Рама се сложува со неговиот став и се заблагодари на Албанија бидејќи е подготвена да се бори против нелегалната миграција. Најави дека Австрија ќе се залага за Албанија да добие финансиска помош од Европа, а покрај тоа и билатерална поддршка. Рама изјави дека Европа треба да биде подготвена за нов бегалски бран.

“Не сакаме луѓет да доаѓаат во Албанија и ние само да ги проследуваме од граница до граница, туку сакаме тие да бидат достоинствено третирани. Закаме да бидеме во можност да осигураме безбедност на нашите граници и воедно да ги почитуваме правата на бегалците”, порача албанскиот премиер.

 

Advertisement