Рама: Многу набрзо ќе видите граѓанско движење кое ќе прерасне во партија на Мета 

Албанскиот премиер Еди Рама за телевизијата Њуз24 рече дека многу скоро ќе биде формирано ново граѓанско движење, кое ќе прерасне во партија на Мета. Јас ви кажувам дека многу брзо ќе видите граѓанско движење, кое малку по малку ќе се претвори во партија на Претседателот, а е наводно поврзано со грижата околу театарот, Уставот, татковината. Според мое мислење, тоа е сигурно, рече Рама. Додаде дека се прави секаква врева околу изборните реформи и реформата во правосудството, бидејќи според него, опозицијата знае дека повторно ќе ги загуби изборите.

Она што се случува и инсистирањето, зашто каква врска сеуште има што се собираат таму, кога театарот е урнат, има врска со фактот,а тоа ќе го видите, дека сето тоа е поврзано со изборите. Ќе видите многу наскоро дека изборите во Албанија ќе бидат поврзани со два фактора, стравот да се учествува на избори за да не се изгубат и реформата во правосудството, изјави Рама. Тој се задржа и на разговорот со еврокомесарот за култура околу уривањето на Националниот театар, при што рече дека го информирал за фактите и за реализираниот дијалог со,како што вели, вистинските актери.Додаде дека тетарот никогаш не бил прогласен за споменик на културата.