Рама парламентот следната недела ќе гласа за резолуција со која Иран ќе биде прогласен за државен спонзор на тероризмот

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска на прес-конференција изјави дека албанскиот парламент следната недела ќе гласа за резолуција со која Иран ќе биде прогласен за државен спонзор на тероризмот.

„Парламентот ќе гласа за резолуција за прогласување на Исламската Република Иран за државен спонзор на тероризмот. Со тоа, Исламската револуционерна гарда и Хезболах ќе бидат прогласени за терористички организации. Имаше партнери кои го направија ова и претходно, а сега ќе го сториме и ние. Кризата се појавува низ целиот свет како резултат на зголемувањето на цените на нафтата“, изјави Рама.