Рама пуштен од болница по операцијата

Премиерот Еди Рама, денеска ја напушти болницата по извршена операција на слепота црево. Рама утрово го напушти Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“ во Тирана откако во неделата му беше оперирано слепото црево. На премиерот на Албанија му е дијагностициран акутен апендицитис, воспаление на слепото црево. Според лекарот, интервенцијата била успешна, а здравствената состојба на Рама е добра.