Распишан конкурс за лого по повод 10-годишнината на весникот „Илинден“ 

Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод 10-годишнината од излегувањето на првиот број на истомениот весник на македонски јазик, распиша конкурс за дизајн на лого. -Логото треба да ги одразува досегашните активности на македонски весник „Илинден”,кое ќе се користи во текот на 2021 година. Во предлогот треба да се содржани основните елементи и тоа основни податоци за дизајнерот, предложеното лого изработено компјутерски во висока резолуција и објаснување на предлог – дизајнот, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото и главен и одговоен уредник на весникот. Додава дека Предлог-логото треба да ја изразува концепцијата на 10-годишнината на весникот „Илинден“

На конкурсот можат да учествуваат средношколци, студенти и професионални дизајнери. Делата мора да бидат оригинални, досега необјавувани а авторот ќе биде одговорен пред Законот за автентичност. Авторот може да биде од било која земја. Предлозите треба да се достават на е-пошта drustvo.ilinden.tirana@live.com. Крајниот рок за поднесување на предлозите е 15 ноември годинава,посочува Ѓурѓај. Сите поднесени поредлози ќе бидат објавени на први декември, по што ќе се спроведе јавно гласање до 15 декември 2020 година преку социјалната мрежа Фејсбук. Победникот ќе го избере комисија за проценка имајќи ги предвид резултатите од гласањето. За трите најдобри предлози ќе има и награда.

Advertisement