
Првата депортација на член на движењето на Фетула Ѓулен во Турција, што го реализира синоќа, предизвикувајќи загриженост за кршење на основните човекови права. Албанија нареди прва депортација на член на движењето на Фетула Ѓулен во Турција, што го реализира синоќа, предизвикувајќи загриженост за кршење на основните човекови права, наведуваат албанските медиуми.
Веста дека со лет од меѓународниот аеродром во Тирана во 20 часот е екстрадиран Харун Челик, за БИРН ја потврди и Гентјан Мулаи, портпарол на државната полиција. Лицето беше во затвор откако беше приведено од граничната полиција на аеродромот со лажни документи. Согласно законот за странци тој е екстрадиран, изјавил Мулаи.
Пред пет месеци Челик бил уапсен на аеродромот во Тирана патувајќи транзит со турски пасош, но со лажна канадска виза. За овој прекршок, тој беше осуден од судот во Тирана на пет месеци затвор, што истече на 1 јануари. Во реката реакции на социјалните мрежи стои дека тој бил просветен работник, кој успеал да се спаси од крвопролевањата во Турција, дека побарал азил во Албанија, но оти тоа му било одбиено.
На протерувањето на Челик остро реагираше опозициската Демократска партија која побара „непосредна транспарентност” за настанот, покренувајќи го прашањето дали таквото дејствување е во согласност или не со законите, меѓународните конвенции или човековите права.
„Приоритет е за секоја демократска земја, особено во процесот на европска интеграција, да ги почитува овие начела, права и обврски. Нивното кршење стана правило за корумпираната и инкриминирана влада на Еди Рама”,стои во партиската реакција.
Преку статус на Твитер реаграше и европатеничката Рамона Стругариу криткувајќи ја албанската Влада.
„Албанскиот премиер Еди Рама, Албанија, ја потпиша Конвенцијата на Советот на Европа за екстрадиција. Уште повеќе вие велите дека Албанија е подготвена за ЕУ. Тогаш, ве молим, почитувајте го член 19 став 2 од Европската повелба за основни права и не екстрадирајте го Харун Челик во Турција, напиша таа.
Во споменатот член стои дека : „Никој не смее да биде протеран или екстрадиран во држава каде постои сериозен ризик тој или таа да биде изложена на смртна казна, тортура или друг нечовечки или понижувачки третман”. Дел од медиумите наведуваат дека на овој начин Албанија се придружува кон малиот број држави кои го почитуваат барањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го врати во Турција било кое лице поврзано со ѓуленовото движење, за кое тој обвинува дека е организатор на пропаднатиот државен удар 2016 година.
Потсетуваат дека во февруари 2015 година, Косово протерало пет лица барани од Турција, по што наишло на остри критики од ЕУ и САД за кршење на законот и основните човекови права. Премиерот Рамуш Харадинај во таа прилика го разреши шефот на Агенцијата за разузнавање и министерот за внатрешни работи, тврдејќи дека тој не бил информиран за тоа. За нивната екстрадиција бил запознат претседателот Хашим Тачи, кој се смета за близок пријател со Ердоган.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden