
Шпанската полиција со гумени куршуми и палки се обидува да го прекине гласањето на референдумот за независност на Каталонија. Досега 465 гласачи и демонстранти се повредени бранејќи ги избирачките места кои полицијата се обидува да ги затвори.
Каталонскиот претседател Карлос Пучдемон ја осуди агресијата на шпанската полиција против мирните гласачи. Портпаролот Турул ја нарече полициската акција „срамот на Европа“. Според Министерството за внатрешни работи на Шпанија затворени се 92 од вкупно 2.300 избирачки места. Се уште е нејасно како шпанската полиција ќе го сопре броењето на гласовите по затворањето на избирачките места во 20 часот.
https://www.youtube.com/watch?v=t88Jl3hyuKI
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden