Македонија поскоро да ги заштити традиционалните производи

Според проф. д-р Владимир Какуринов, ако Македонија сака да ги заштити своите традиционални производи, тоа треба да го стори час поскоро со оглед дека другите земји не чекаат и се многу ажурни на ова поле. Посебно интересна е Бугарија на чија листа за заштита се лутеницата и тиквеникот, производи кои ние ги сметаме за наши, македонски.

Од овие причини мора веднаш да се почне со работа и да се заштитат македонските традиционални производи, наведува професорот во Прирачникот за заштита на традиционални производи што го изготви како придонес кон руралниот развој .

Меѓу производите за заштита се Македонски тенок колбас, Штипски колбас, Македонски колбас, Овчеполски колбас, Беровско сирење, Биено сирење, Галички кашкавал, Галичко сирење, Осоговски кашкавал, Трничко сирење, Шарски кашкавал, Ајвар, Беровски грав, Бабури со лук, Бучимски кромид, Везени пиперки, Велешки пинџур, Дојранска маслинка, Лутеница, Макало, Македонска салата, Охридска цреша, Пинџур, Солен пекмез, Тетовски грав, Тетовско јаболко, Вардарска вретенушка, Вардарски клен, Дојранска белвица, Дојранска перкија, Дојранска писа, Дојранска црвеноперка, Зимска пастрмка, Источна мренка.

Од кондиторските, лебот, колачите, слатките, бисквитите, во табелите се наведени Горичка торта, Ирмици, Леб наутка, Охридска торта, Охридски ѓеврек, Селски леб, Сусамчиња, додека во групата тестенини: Бакардан, Валангии, Влашки тиганици, Зелник, Јуфки, Кравајче, Македонска погача, Македонска слатка пита,…

Во категоријата супи и чорби професорот ги сугерира: Супа од езерски риби, Шарпланинска јагнешка и Шкембе чорба.