Репрезентација до 21 година: Македонија ја совлада Бугарија

По еден час игра Мурати се обиде да ја удвои предноста, но не беше прецизен. Во последните петнаесетина минути Бугарија прв пат се обиде да го загрози голот на Шишковски, противникот имаше две полушанси преку Ѓоргиев и Петров, но не успеа да ги искористи.

Во 86. минута пенал за Македонија не успеа да реализира Петар Петковски, голманот на Бугарија успеа да го одбрани ударот на нашиот напаѓач. Јован Попзлатанов беше најзаслужен за изборената шанса да реализираме најстрога казна, убаво се проби по десната страна и по нафрлената топка со рака во својот шеснаесетник играше Керчев. Во минутите од продолжението успеавме да ја зачуваме предноста и да запишеме нова победа.

За репрезентацијата до 21 година ова веројатно беше последен тест натпревар пред Европското првенство кое се игра во Полска. Македонија на големиот европски собир е во група со Србија, Португалија и Шпанија.

 

 

Advertisement