„Република” е доволна одредница

 

Сите овие земји ја присвојуваат Македонија, а иронијата да биде поголема, се обидуваа (или продолжуваат да се обидуваат) да го искоренат нејзиното постоење. Значи, уште во 1988 година, кога Грција ја промени добро-познатата политика на одбивање да се признае постоењето на Македонија, Грција ја зафати меѓународно беснило тврдејќи дека „Македонија е грчка”. Меѓутоа, Бугарија тврди дека Македонија е бугарска, Србија вели дека Македонија е српска, а Албанија, иако ги признава етничкото потекло и јазикот, таа и натаму бара дел од македонската територија. Па зошто тогаш треба да ја слушаме Грција? Не треба ли лажните информации од другите балкански држави да ги прифатиме сериозно? Или сепак единствено што можеме е да се придржуваме до здравиот разум, дека Македонија била, е и секогаш ќе биде Македонија”, пишува Николов во текстот објавен во Хил. Николов додава дека грчките позиции во спорот се расистички и неодбранливи, и дека Грција ја прекрши Времената спогодба со своето одбивање да го дозволи приемот на Македонија во НАТО под привремената референца.

Advertisement