Ричард Симкот човекот кој течно зборува над 20 јазици и живее во Македонија

Ричард Симкот е хиперполиглот кој веќе 7 години живее во Македонија. Тој има дарба за учење нови јазици и течно зборува повеќе од 20  јазици. Освен јазиците на кои зборува течно, тој активно учел повеќе од 50 јазици. Роден е во Велика Британија и неговиот мајчин јазик е англискиот. Уште на рана возраст научил да зборува француски, а со оглед на тоа што живеел близу англиско-велшката граница, научил и велшки. Откако неговиот татко се оженил по вторпат со Тајланѓанка, тој почнал да учи тајландски, а подоцна научил и турски, полски, хебрејски, кинески, исландски, македонски и есперанто.

Тука можете да погледнете како ги применува некои од јазиците што течно ги зборува.

Advertisement