Русија: Експлозија во магацин за оружје во Сибир

Најмалку осум луѓе се повредени од нова експлозија во магацин за муниција во рускиот сибирски регион Краснојарск, каде што минатата недела исто така од експлозија загина едно лице, а десетина беа повредени. Агенцијата ТАСС ја цитира руската служба за вонредни ситуации од каде што рекле дека по експлозијата започнал пожар чие гасење е во тек.

Според јавувањето на Интерфакс жителите на селото Каменка се евакуирани на безбедна дистанца. По експлозијата минатата недела Истражниот комитет на Русија покрена истрага за „прекршување на прописите за справување со оружје и предмети што можат да предизвикаат опасност за луѓето“.