Русија ги почна најголемите воени вежби по Студената војна (ВИДЕО)

Вежбите, како што беше најавено од страна на руското Министерство за одбрана, ќе се одржат од 11 до 17 септември под раководство на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу. Во маневрите на Далечниот Исток и водите на Тихи Океан ќе учествуваат околу 300.000 војници, повеќе од илјада авиони, хеликоптери и беспилотни летала, до 36.000 оклопни возила, 80 бродови и бродови за поддршка. Кина испрати 3.200 војници да учествуваат во Исток 2018, со многу кинески оклопни возила и авиони. Монголија исто така испраќа свои единици.

За време на воените вежби ќе биде обработена примената на воените групи во интерес на обезбедување на безбедноста на Русија. Главната цел на маневрите е проверка на подготвеноста на органите на воената управа во планирање и спроведување на прегрупирање на трупите на оддалечена локација, организирање соработка меѓу копнените групи и поморските сили, а командантите и штабовите ќе добијат пракса и ќе ги усовршат своите вештини за водење на трупите.

Воените вежби ќе се одвиваат во две фази: во првата фаза на Далечниот Исток ќе бидат распоредени трупи, а поморската група ќе се зголеми во северната и далеку источната морска зона. Во втората фаза командантите и штабовите ќе  изведат управување на комбинирани групи на трупи со практична примена на одбранбени и офанзивни дејства. Во маневрите ќе учествуваат органите на воената управа, единиците на Источниот и Централниот воен округ, силите на Северната флота, единиците на воздушно-десантните сили и воено-транспортната авијација на воздушно-космичките сили на Русија.

Би-би-си проценува дека станува збор за најголеми вежби од Студената војна кои се овиваат токму во време на многу заострени односи меѓу Русија и НАТО. Главната цел е да се види и да се увежба што побрзото преместување на масовните воени трупи од запад кон исток на Русија. Војниците, тешкото вооружување вклучувајќи и тенкови, авиони ќе прејдат илјадници километри, а обемот на оваа воена вежба се гледа од фактот дека толку многу војници се ангажирани во една од најголемите битки во Втората светска војна, истакнува Би-би-си.

https://www.facebook.com/pg/mod.mil.rus/videos/

 

Advertisement