Русија го зголемува производството на вакцината за ковид-19

Министерот за индустрија Денис Мантуров изјави дека месечното производство треба конечно да достигне шест милиони дози од таа вакцина. Русија планира да го зголеми производството на својата вакцината против ковид-19 од 1,5 до 2 милиони дози месечно до крајот на годината. Министерот за индустрија Денис Мантуров изјави дека месечното производство треба конечно да достигне шест милиони дози од таа вакцина.

Ројтерс“ наведува дека поради недостатокот на масовно тестирање, западните земји изразуваат загриженост за последиците што може да ги предизвика руската вакцина. Од друга страна, Русија, како неосновани, ги отфрли тврдењата дека нејзината вакцина е небезбедна. Пообемното тестирање на вакцината, развиено од московскиот институт Гамалеја, треба да започне следната недела.