Русија изведе воени вежби во северна Европа, испалени десетина ракети

Руски воени бродови на Северната флота извеле вежби во северниот дел од Баренцовото море. На видеото кое го објави руското министерство за одбрана, се гледа разорувач Вајс-Адмирал Кулавков и два брода, Александар Отраковски и Кондопога, кои учествуваат во вежбите. Во вежбите е погодена замислена мина која плута, а испалени се десетина ракети.

Показната вежба е дел од шестдневната програма на Центарот 2019, кој започна во понеделникот во регионот Оренбург, а во кој учествуваат и војските на Кина, Индија, Казахстан, Пакистан, Узбекистан и Таџикистан. Од руското министерство за одбрана рекле дека во вежбите учествувале 128.000 војници, 20.000 воени возила и повеќе од 600 авиони.