Русија ќе ги брани интересите на православните во случај на немири во Украина

Русија ќе ги брани интересите на православните верници ако избијат верски немири во Украина, најави Кремљ,само еден ден откако Цариградската патријаршија постапка за признавање на независност на Украинската православна црква од Москва. Во случај на незаконски акции секако дека Русија како што секаде ги брани интересите на Русија, ќе ги брани интересите на православните. Тоа е глобално разбирлив став, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Таа заштита на праволсавните ќе се спроведува „исклучиво со политички и дипломатски средства“, рече Песков и додаде: „ Во случај украинските власти да не успеат да ја сочуваат состојбата под контрола и во границите на законите, во случај ситуацијата да добие насилен карактер“. Тој потсети дека Руската православна црква не сака да се меша во дијалогот меѓу црквите во Украина.

Advertisement