Русија ќе одржи најголеми воени вежби по четири децении 

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека следниот месец земјата ќе ги одржи најголемите воени вежби од 1981 година, објавија руските новински агенции. Шојгу денеска е цитиран како вели дека вежбите наречени „Исток 2018“ ќе се одржат во руските централни и источни воени области и оти во нив ќе бидат вклучени 300.000 војници, повеќе од 1.000 авиони, Пацифичката и Северната флота и сите руски воздухопловни единици. – стои во соопштеието на Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Advertisement