Русија лани увезла високотехнолошки чипови од САД и Европа вредни над милијарда долари

Во 2023 година Русија, и покрај западните санкциите, увезла високотехнолошки чипови од САД и Европа во вредност од милијарда долари, пипшува „Блумберг“.

Изданието дошло до затворена руска царинска статистика, од која произлегува дека вкупната вредност на полупроводниците и интегрираните кола увезени од Русија за минатата година изнесувала 1,7 милијарди долари, а повеќе од половина од нив се производи на компании од САД и Европската Унија.

Блумберг забележува дека нема докази за прекршување на режимот на санкции од страна на овие компании, односно дека Русите увезуваат санкционирана електроника преку трети земји. Како што пишува во текстот, повеќето од овие високотехнолошки компоненти потоа завршуваат во производи од руската воена индустрија.

Advertisement