Русија: МНР предупреди на терористички напади во Европа и САД

Министерството за надворешни работи на Русија предупреди за терористички напади во големите европски и американски градови за време на Нова година и Божик. Постои голема веројатност за терористички напади во Европа и САД во текот на новогодишните и божикните празници од 20 декември до 20 јануари, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија .