Русија одговори на санкциите на САД, протерува 10 американски и тројца полски дипломати

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска зборуваше за одговорот на Русија на новите санкции на САД, и истакна дека е предложено „американскиот амбасадор да замине во својата земја на консултации“.

Како што наведува „Комерсант“, тоа значи дека руските власти го протеруваат амбасадорот Џон Саливен. Исто така, ќе бидат протерани 10 американски и тројца полски дипломати.

Како друга работа, Лавров истакна дека Москва покрена процедура која ќе го прекине ангажманот на руските граѓани и државјани од „трети земји“ за работа во американските дипломатски мисии.

Руската Федерација реагираше позитивно на идејата за самит со САД и во моментов ги разгледува аспектите од таквата средба, рече министерот Лавров.

Според него, американските обвинувања за наводни плаќања од Руската Федерација до Талибанците за убиства на американски војници се „шпекулации и фобии”

Advertisement