И покрај тоа што интервенираше и војската на Русија, сепак ситуацијата на Сибир не се подобрува, па големата борба со огнената стихија и натаму продолжува. Како што денеска соопштила службата за заштита на шуми во Сибир, а пренесуват руските агенции, пожарникарите ги гасат пожарите на вкупна површина од 163.100 хектари.
Според овие информации, пожарникарите се борат со 78 пожари кои зафатија 110.082 хектари во регионот Иркутс и 69 пожари на 46.976 хектари. Организациите за животна средина, како што е Гринпис, ги прогласија пожарите за „еколошка катастрофа“.
Федералната агенција за шумарство во Русија соопшти дека пожарите не претставуваат закана за населбите и деловните активности. Гувернерот на Красонскиот регион, Александар Ус, рече дека пожарите биле „природен, природен феномен и борбата против тоа е безначајна, па дури и штетна“.
Властите беа принудени да дејствуваат делумно заради притисокот на јавноста. Околу 1 милион луѓе потпишаа петиција за гаснење на пожарите во Сибир.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
