Руска банка „Сбербанк“ ја напушта Украина

Најголемата руска банка „Сбербанк“ објави дека го продала својот удел во Украина. Банката се соочува со потешкотии во Украина од 2014 година, кога руската држава го анектира Крим. Според украински активисти „Сбербанк“ е симбол на несаканото руско присуство во земјата и нејзините филијали и згради кои често пати станувале предмет на вандализам во последните три години. На 16 март украинскиот претседател Петро Порошенко воведе едногодишни санкции на голем број руски државни банки во земјата, вклучувајќи ја и онаа на „Сбербанк“, кои и забрануваат да го извезува нејзиниот капитал надвор од земјата.

Advertisement