Руската православна црква ја поздрави одлуката на СПЦ за Македонската православна црква – Охридска Архиепископија

Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската православна црква да ја обнови канонската заедница со Македонската православна црква – Охридската архиепископија“, рече Балашов истакнувајќи дека тоа претставува надминување на полувенковниот црковен раскол.

Претходно, Светиот архијерејски синод на СПЦ излезе со соопштение за Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во кое го признава канонскиот статус на МПЦ-ОА и најави повторно воспоставување литургиско општење со неа.

Воедно, се забележува дека во дијалогот за идниот и конечен канонски статус на МПЦ-ОА раководството на СПЦ ќе постапува исклучиво во согласност со канонските и црковните норми и принципи без геополитички и црковнополитички пристап.

„Српската православна црква претходно не го призна делот што се отцепи од неа во Македонија, наречен Македонска православна црква, кој како таков беше признаен од македонските власти и од Вселенската патријаршија“, пишуваат српските медиуми.

Во оваа насока секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протојереј Игор Јакимчук, рече дека Руската православна црква (РПЦ) ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква (СПЦ) во Македонија.