Рускиот патријарх Кирил денеска приситигнува во посета на Албанија

 

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил денеска попладне ќе допатува во тридневна посета на Албанија. Поради посетата преземени се засилени безбедносни мерки од страна на министертвото за внатарешни работи и албанската тајна служба – ШИШ а за неговата безбедност ќе се грижи и специално руско обезбедување, кое е секогаш во придружба на Патријархот московски и на цела Русија, Кирил.

Посетата е по покана на Албанската афтокефална првославна црква (ААПЦ), чиј поглавар Анастас Јанулатос,ја оценува како историска. Според протоколот што го објави ААПЦ, Поглаварот, Анастас Јанулатос, во придружба на членовите на Светиот Архиерејски Синод ќе ја пречека руската црковна делегација на меѓународниот аеродром “Мајка Тереза” во Тирана, а потоа ќе биде одржана литургија во соборниот храм “Воскресение Христово” во Тирана.

Оваа, прва историска посета е од посебна важност бидејќи и двете Цркви преживеаа жестоко комунистичко-атеистичко прогонство.Рускиот патријарх е многу значајна личност, која се вбројува на исто ниво со светските лидери и верски поглавари,како што е папата и вселенскиот патријарх.

Поглаварот на Албанска Православна Автокефална Црква, Јанулатос во посета на руската православна црква беше во 1999 година а двајцата великодостојници ги врзува пет децениско пријателство. Од Руската православна црква Јанулатос е одликувам со признанието „За посебен придонес во зацврстување на единството на православието“ во 2008 година.

Advertisement