
Руското Министерство за надворешни работи реагира по одлуката на Албанија да го протера рускиот дипломат Алексеј Кривошеев. Министерството наведува дека таквиот потег нема да остане без одговор.
Во изјава за „РИА новости“, рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, одлуката на албанските власти ја нарече провокација.
„Ова е јасна провокација насочена кон влошување на руско-албанските односи и секако таквиот потег, кој не е пријателски, нема да остане без одговор“, рече Грушко.
Албанија го прогласи рускиот дипломат Алексеј Кривошејев за персона нон грата во четвртокот и му нареди да ја напушти земјата во рок од 72 часа по поднесувањето на официјалното известување.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden