САД активираа во Албанија „Оперативна група за специјални операции на Балканот“

Вооружените сили на САД ја активираа во Албанија својата оперативна група за специјални операции на Балканот, чија задача ќе биде учество во разни акции. Една од мисиите, според американските медиуми, ќе биде и спротивставување на јакнењето на руското влијание. Во албанското министерство за одбрана во Тирана, по тој повод беше организирана церемонија на која зборуваше американската амбасадорка во таа земја, Јуриј Ким.

Таа рече дека има неколку причини за американското воено присуство на Балканот, пофалувајќи ги албанските власти што никогаш не се двоумеле да распоредат американски сили. Не можевме да бараме посилен и полојален пријател и сојузник. Нашите билатерални врски се поважни од кога било – истакна амбасадорката Ким на церемонијата во Тирана.

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши изјави дека Албанија ќе ја искористи оваа можност да ги зголеми стандардите на своите оперативни сили. Ќе можеме да се бориме заедно ако се појави потреба, како што направивме во Авганистан и пошироко – рече Пелеши.

Advertisement