
САД преку УСАИД доделија дополнителни 450 илјади долари за поддршка на Македонија во борба против пандемијата на Ковид-19. Средствата, како што соопштија од канцеларијата на УСАИД во Скопје, ќе бидат наменети за поддршка на: координација, планирање, следење, работење и логистика, кризна комуникација и вклучување на заедницата и управување со случаи и спречување и контрола на инфекции во здравствените установи.
„Американската Влада е горда што ја канализира дарежливоста на американскиот народ да се бори против оваа пандемија заедно со нашите сојузници. Преку нашето партнерство со УНИЦЕФ, ќе ги зголемиме итните здравствени, хуманитарни и економски активности од владата, приватниот сектор и невладините организации, како и меѓународната заедница“, истакна американската амбасадорка Кејт Брнс. Вкупно досега УСАИД додели 1,5 милиони американски долари за поддршка на Македонија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden