Сан: Секој десетти затвореник во Велика Британија е Албанец

Еден од 10 затвореници во Велика Британија е Албанец, пишува британски Сан и истакнува дека тие веќе одамна го контролираат пазарот со кокаин во земјата.

Британското Министерство за правда соопшти дека кога станува збор за криминал, Албанците ги надминале Полјаците во Велика Британија според бројот на затвореници во земјата.

Во англиските затвори, во јуни годинава, има 876 Албанци од 9.089 странски престапници, соопшти Министерството за правда. Бројот на Албанците во британските затвори речиси двојно се зголемил за само четири години, од 475 регистрирани во јуни 2015 година. Пред една деценија бројката била само 166.

„Албанците се најбројни во британските затвори, а потоа следат Полјаците, па Романците и Ирците, како и доселеници од Јамајка“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Според весникот Сан, зголемувањето се должи на формирањето организирани криминални групи на Албанци во Велика Британија, кои ја контролираат тамошната трговија со дрога.

Advertisement