Петтата меѓународна поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер” поради ситуацијата со КОВИД-19 оваа година не беше во можност манифистацијата да се одржи на предвиденото место и во предвиденото време.
Петтата меѓународна поетска манифестација ,,Охридски поетски бисер” ги соопштува резултатите од конкурсот за наградените песни и автори, на којшто годинава зедоа учество импозантен број на поетеси и поети од Македонија, и странство, како и голем број млади автори.
Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто.
Наградите се во три категории и тоа: домашни, странски и млади автори.
⏩Домашни автори (возрасни):
🥇Прва награда за песната ,,Го поразивме животот” – Никодин Цернодримски, воедно и годинешен победник на фестивалот
🥈Втора награда за песната ,,Нашата”-Виолета Сековска
🥉Трета награда за песната ,,Ерос среде Лихнидос” – Емилија Карафилоска
⏩Странски автори:
🥇Прва награда за песната ,,Тачке које се играју скривалице” – Билјана Трбољевац, Србија
🥈Втора награда за песната ,,Пут градине” – Ана Чагаљ, Хрватска
🥉Трета награда за песната ,,Игра дана и ноќи” – Нихад Мешиќ, БиХ
⏩Млади автори:
🥇Прва награда за песната ,,Молитва” – Сара Џелили – Македонка од Албанија
🥈Втора награда за песната ,,Кутии” – Моника Иванова
🥉Трета награда за песната ,,Ој пауне” – Ники Полизоева
⏩Најдобра песна од поет од дијаспората 🥇,,Полиња со лаванда” – Јована Јаневска.
⏩Најмлад учесник на фестивалот
🥇Мелина Филиповска од Ресен со песната ,,Шума”.
⏩Награда за животно дело
🏆Славко Крстевски и🎖постхумно на Петко Шипинкароски.
Организаторите на меѓународната манифестација ,,Охридски поетски бисер” изразуваат голема благодарност на сите учесници и честитки до сите наградени.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
