Сара Џелили од Голо Брдо учесник на литературниот конкурс “Зошто сакам да останам во Македонија”

Ученичката Сара Џелили, од с. Требиште во областа Голо Брдо, се закити со благодарница за учество на наградниот конкурс за средношколски есеј на тема “Зошто сакам да останам во Македонија„. Сара Џелили живее во Елбасан, Албанија и таа е ученичка во трета година во ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид. Под менторство на професорот по македонски јазик и литература Перчо Божиновски, Сара Џелили зеде учество на наградниот конкурс за средношколски есеј распишан од граѓанската иницијатива „Сакам да останам”. Право на учество имаа сите македонски средношколци во учебната 2019/2020 година кои требаше да напишат есеј за тоа зошто сакаат да останат во Македонија. Доделувањето на наградите се одржа во салата за конференции на хотелот Квинс (Queen’s) во Скопје. На настанот покрај доделувањето на награди и подароци за сите присутни имаше коктел дружење каде што учениците се запознаваа со врсниците од цела Македонија.