Се одржа ФУЕН семинар на словенските малцинствата од Eвропа

 

Од 18. до 21.октомври о.г. (2018) во Млинки/Пилисшченкерешт (Mlinky/Pilisszentkereszt), Унгарија се
одржа XXI. семинар на словенските малцинствата од Европа во организација на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Семинарот беше организиран од ФУЕН и по вторпат од нејзината членка-домаќин, Националната малцинска самоуправа на Словаците во Унгарија – НМССУ (словачки: Celoštátna slovenská samošpráva v Maďarsku-CSSM).

Семинарот се фокусира на употребата на малцинските јазици во јавната сфера и на мерките за
поддршка што би можеле да доведат до подобрување на сегашната ситуација. „Сакаме да научиме повеќе за системот на малцинска самоуправа и како словачкото малцинство во Унгарија го спроведува. Овој систем може да биде привлечен за многу други словенски малцинства во Европа„- изјави Бернард Зиеш, потпретседател на ФУЕН. Повеќе од триесет учесници од десет земји разменија искуства и дискутираа за заедничките решенија за подобрување на локалните ситуации и за зајакнување на соработката на европско ниво.

Семинарот официјално беше отворен во унгарскиот парламент од г. Антал Паулик, портпарол на
словачкото малцинство во унгарскиот законодавен дом. Во работата на семинарот учествуваше г.Лорант Винце, претседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) , г-ѓа Ерчебет Холерне Рашко, претседателка на НМССУ и г.Имре Ритер, парламентарен портпарол на малцинствата во Унгарија.
Семинарот беше одлична можност членовите на Работната група на словенските малцинства да
разговараат и разменат свои мислења и ставови со засегнатите страни на највисоко политичко ниво.

Учесниците имаа можност да посетат едно словачко училиште и седиштето на Национална
малцинска самоуправа на Словаците во Унгарија. Работната група на словенските малцинства, исто
така, одржа и редовен состанок за да дискутира за предлозите за идните проекти и состаноци.
Словаците кои денеска живеат на унгарска територија тука се нашле со раселување за време на
турското владеење во неколку наврати од крајот на 17. век од пренаселените земји од Горна
Унгарија.

Парламентарното усвојување на Законот за правата на националните и етничките малцинства во 1993 година отвори ново поглавје во животот на малцинствата во Унгарија, вклучувајќи го и словачкото малцинство. Најзначајната промена беше создавањето на системот на малцинска самоуправа, радикално новите законски права на овие локални, национални и на крајот телата на ниво на окрузи, нивната постојано растечка професионална дејност и гарантираниот, иако ограничена буџетска поддршка што ја добиваат. Во оваа подобрена средина, соработката на словачките самоуправи и невладини организации овозможи да заживее словачката заедница до тој степен што бројот на Словаците се зголеми за речиси 70% со пописот од 2011 година кога бројот на Словаците достигна бројка од 17.692 лица.

Благодарение на правните и финансиските гаранции обезбедени во Унгарија, Националната
малцинска самоуправа на Словаците во Унгарија во моментов има вкупно 10 институции, вклучувајќи
своја сопствена канцеларија, компанија и фондација за јавни услуги. Словачка ја обезбедува
самоуправата со значителна дипломатска, техничка и финансиска поддршка. Понатаму, воспоставена е тесна соработка со организациите на Словаците кои живеат во Романија и Војводина, со Светската федерација на Словаците кои живеат надвор од Словачка и Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

Федерална унија на европските етнички малцинства им помага на потомците на словачките
доселеници да ги зачуваат, збогатуваат и развиваат својот јазик и култура во Унгарија.
Македонско друштво ”Илинден” од Тирана е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) од 16. мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства
при ФУЕН.