Влада ја отвори архивата на поранешната тајна полиција Сигурими, повеќе од 25 години по падот на комунизмот. Во архивата на Сигурими се наоѓаат милиони страници документи и десетици илјади досиеја. Во декември 2016 година, основано е независно тело, задолжено преку архивата да ги води оние кои сакаат да ја истражат судбината на своите сакани или да испитаат некоја туѓа.
Телото, исто така, е овластено за издавање „потврди за несоработка“ со комунистичкиот режим, што денес е услов за која и да е јавна должност. Многу документи се уништени во транзицијата, но и потоа, изјави поранешниот директор на архивата на Министерството за внатрешни работи Кастриот Дервиши. Тој дополни дека нема да биде лесно да се утврди вистината, но дека е важно до неа да се дојде, со цел да се откријат сите аспекти, на, како што вели, еден од најрепресивните режими во 20. век.