На средбата со АМНР Анагностопулу беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на Преспанскиот договор со цел осмислување и развивање на сеопфатна и интензивна соработка во сите области, чија што крајна цел се позитивни, видливи и конкретни резултати во полза на граѓаните на двете земји. Беше рaзговарано и за поддршката што Грција и ја дава на нашата земја во контекст на евроинтегративниот процес.

Ова е прва посета на министерот Сиа Анагностопулу надвор од Грција по нејзиното преземање на функцијата алтернативен министер за надворешни работи, што ја отсликува важноста што Владата на Грција и’ ја дава на односите со Република Македонија.

Отворањето на граничниот премин „Маркова Нога-Герман“-Преспа е важно за регионот на Преспа и ќе го јакне локалната економија, како и зајакнувањето на врските меѓу Македонците во овој регион.