Себастијан Курц повика на нови избори во Австрија

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц денеска јасно се изрази за поддршка на спроведување нови парламентарни избори во земјата, пренесува инфомациската агенција АПА.

Таквиот чекор е единствениот пат за промена во Австрија, се вели во пораката испратена до медиумите од страна на Министерството за надворешни работи во Виена. Црвено-црната коалиција постигна минимални компромиси “кои всушност не ја сменија државата”, коментира Курц во личната изјава.

Курц не одговори јасно на прашање дали ќе го преземе управувањето вна АНП по оставката на Рајнхолд Митерленер, истакнувајќи дека таквата одлука ќе биде донесена на партискиот конгрес.