Седми роденден на Mакедонскиот весник “Илинден”

Пред седум години, како двоброј за фебруари и март, беше испечатено првото издание од македонскиот весник “Илинден” весник на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Имајќи го во предвид фактот што во изминативе седум години, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и сред Mакедонската дијаспора ширум светот. Според бројната дописка, која пристигнува на електронската пошта на Редакцијата на Македонски весник “Илинден” како и од другите преписки со читателите, забележително е дека во седумгодишниот период весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за Mакедонско национална малцинство во Албанија, но и за промоција на активностите на Македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на Македонското население вон границите на својата држава.

Во дел од дописите се истакнува и тоа дека читателите искажуваат „особена почит кон Редакцијата, која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња, преку пишаниот збор. Нивната мисија да го одржуваат и поттикнуваат македонскиот идентитет во Република Албанија, преку културен израз целосно ја остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата нивна активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции како во Република Албанија така и во Република Македонија, но и од Македонците ширум светот. Редакцијата има чест да ги поздрави и да им се заблагодари на сите свои соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и визуелната содржина на весникот. Воедно, Редакцијата се заблагодарува и на читателската публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот покажа дека тој навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Албанија.

Првото издание на весникот, како двоброј за февруари и за март, беше отпечатено во 2012 година, а негов издавач е македонското друштво „Илинден“-Тирана. Од мај 2017 годна е и со електронско издание www.vesnik-ilinden.com

Advertisement