Семакедонски протест пред Европскиот парламент во Брисел

 

Во организација на Координативното тело за протести на Македонците во Европа, на 8 февруари 2019 година, петок, со почеток во 14 часот, ќе се одржи Семакедонски протест пред Европскиот парламент во Брисел. Понесени од универзалните вредности за човекови права, достоинство и почитување на волјата на Македонскиот народ на самоопределување и самоидентификација, потврдени на референдумот од 8 септември 1991 година и референдумот од 30 септември 2018 година, Македонците во Европа организираат голем Семакедонски протест пред седиштето на Европскиот Парламент во Брисел!

Врз Македонија е извршена окупација, врз Македонскиот народ е извршен геноцид од нелегитимните пратеници и марионетската влада. Кога неправдата станува закон, отпорот е наша должност! Дали мирно ќе го набљудуваме процесот на уништувањето на Македонскиот народ и нашата држава Македонија? Нашиот отпор во Европа и во светот нека биде патоказ за нови протести ЗА Македонија НИКОГАШ Северна!

Да бидеме горди и решителни во докажувањето на македонските неправди пред европските институции и пошироко. Само со масовност и решителност ќе придонесеме за одбраната на Македонската држава и идентитетот Македонски! Секогаш Македонија, никогаш Северна, – се вели во прогласот на Координативното тело за протести на Македонците во Европа.