Шведското разузнавање предупреди за закана од надворешно мешање во изборите

 

Шведското контраразузнавање соопшти дека ги предупредило претставниците на Владата и опозицијата за „важноста на значењето на безбедносните мерки“ пред одржувањето на парламентарните избори следната година.

Директорот на Шведската служба за безбедност (Сапо), Андерс Торнберг изјави дека денеска пред политичарите било разјаснето „како изгледа заканата“ и какви мерки ќе се преземат при евентуален напад. Премиерот Стефан Ловен, пак, во телевизиско интервју истакна дека „станува се поочевидно дека странски сили се обидуваат да влијаат врз изборите и нивниот резултат“.

Advertisement