Силен земјотрес на Егејско море

Земјотрес со јачина од 6,7 степени со епицентар на 10 километри од Бодрум, Турција, бил регистриран вчера вечер на турското крајбрежје и по грчките острови. Локалните власти јавуваат за поголеми оштетувања по објектите, а на грчкиот остров Кос имало и две лица загинати и десетина повредени.

Градоначалникот на Кос Јоргос Кирицис изјавил дека има големи оштетувања и на  пристаништето на островот. Туристите во паника ги напуштале хотелите, од кои дел се поплавени поради цунамито. Најмалку 70 лица биле примени во болниците во Бодрум. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. По овој земјотрес следувале и 20 помали потреси.

Advertisement