Силен земјотрес од 5,2 степени по Рихтер близу Тирана

Силен земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил на 29 километри северо-источно од Тирана. Земјотресот бил на длабочина од 1 километар. Тресењето силно се почувствувало во повеќе градови во Албанија како и во главниот град, додека во моментов нема пријавено материјална штета.

Advertisement