Силен земјотрес во Лерин

Силен земјотрес во Грција на 4 километри од Лерин, Егејска Македонија е регистриран вечерва во 22.53 часот по средно-европско време. Според Европската сеизмичка лабораторија потресот имал силина од 5.5 степени. Најсилно во Ресен и во Битола. Земјотресот беше почувствуван и во Скопје. Засега нема подетални информации за штети и повредени.