Силни експлозии во воена база близу Дамаск

Силни експлозии го потресоа сирискиот воен аеродром во близина на Дамаск во текот на ноќта. Државните медиуми соопштија дека експлозите се случиле во депото за муниција, иако според други извори аеродромот бил цен на издраелски воздушен напад. “Воздухопловната база Ал Мазе, во западното предградие на главниот град, беше цел на “можна израелска ракета, која го погоди складиштето за муниција и ги предизвика последователните експлозии”, изјави Рами Абдел Рахман, шеф на Сириската опсерваторија за човекови права за новинската агенција АФП.

Опсерваторијата соопшти дека во експлозиите има загинати и повредени. Официјалната официјална новинска агенција Сана се повикува на извори од военото воздухопловство според кои немало”израелска агресија” насочена кон воздухопловната база. Изворот вели дека експлозиите биле предизвикани од “електричен краток спој” во складиштето за муниција таму. Очевидци соопштија дека звукот на експлозиите се слушал во Дамаск и дека виделе чад и пламен што се издигале над аеродромот.

Advertisement