Синот на поранешниот албански претседател Нишани се откажа од албанското државјанство

Синот на поранешниот албански претседател Бујар Нишани се откажа од албанското државјанство. Ерсилио Бујар Нишани од 18 март повеќе не е државјанин на Албанија, што е објавено во службен весник. Со уредбата потпишана од страна на претседателот Илир Мета, меѓу лицата кои се откажале од албанскиот пасош е и името на синот на екс претседателот Нишани.

Претседателот Мета, според Уставот и позитивните законски прописи потпишува уредба за одземање или доделување албанско државјанство по предлог на Министерството за внатрешни работи. Бујар Нишани (53) на чело на албанската држава беше во периодот од 2012 до 2017 година. Во бракот со Одета ја имаат и ќерката Фиона.